
Изградбата на ѕидот кон Мексоко ја „урна“ државната администрација
- „За“ гласаа 47, против беа 47. Сенатот е поддеднакво поделен, позитивно гласаше заменик претседателот. Ова е одлука на Сенатот. Ќе следи порака од Домот, Мајк Пенс, потпретседател на САД.
Изградбата на ѕидот кон Мексоко ја урна државната администрација. Сенатот одби да го буџетира ѕидот, кој Трамп им го вети на гласачите. Од полноќ во САД на сила е т.н. „шатдаун“. Стотици илјади административци или нема да дојдат на работа, бидејќи ќе бидат на принуден, односно неплатен одмор или ќе работат без паричен надомест. Државната администрација од денеска не добива финансии. САД влегоа во период на делумна парализа на работата на сојузните органи на власта по неуспешниот обид за компромис меѓу Конгресот и Белата куќа околу буџетот. Откако не успеаја во тоа пратениците на двата дома беа испратени дома. Кога ќе биде откочена блокадата ќе се знае по исходот на седницата закажана за денеска попладне по локално време.
И покрај противењето на демократите Трамп „ги притисна“ републиканските пратеници во Претставничкиот дом на Конгресот да го искористат законскиот предлог за краткорочно финансирање на дел од администрацијата како инструмент низ него „да провлечат“ пет милијарди долари потребни за изградба на ѕидот. Сепак по гласањето во Претставничкиот дом Сенатот не ја усвои одлуката.
Синоќа два часа пред истекот на рокот на Трамп се јави со видео-порака на Твитер и се обиде да ги обвини демократите.
- Ништо не можеме да направиме во врска со тоа, бидејќи ни се потребни демократите за да ни ги дадат своите гласови. Наречете го тоа демократизација, наречете го како што сакате. Ајде надвор, ајде да работиме заедно, ајде обострано да го направиме тоа. Се надевам дека блокадата нема долго да трае, рече Трамп.
Преговорите за буџетот се традиционално тешки и често завршуваат со договори за привремено финансирање на владата. Ова не е прва блокада на американската администрација, таква ситуација се случи во јануари во 2018 и таеше три дена.
Билјана Ставрова