
Лондон по Брегзитот ќе воведе нов имиграциски систем
Британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид најави дека по истапувањето од ЕУ, Велика Британија ќе воведе нов имиграциски систем, чија задача ќе биде да ја сведе имиграцијата во земјата на „одржливо ниво“.
Според Џавид, новиот систем, со кој ќе се спречи слободното движење на луѓе од другите земји членки на ЕУ, ќе вклучува и нови визни правила за квалификувани работници, но нема да предвидува ограничувања за влез во земјата на високо квалификувани стручни лица, како лекари или инженери.
Токму стравувњата од долгорочните последици на миграцијата врз социјалниот систем и економијата, особено по приливот на работници од посиромашните членки на ЕУ од Источна Европа, беа еден од мотивите на мнозинството Британци на референдумот во 2016 година да гласаат за истапување на Велика Британија од Унијата