
Убиен напаѓачот од Стразбур
Напаѓачот од Стразбур е убиен вечерва од страна на француските специјални сили.
Шериф Шекат кој уби три лица, додека 13 беа повредени, никогаш не го напуштил градот во кој го изврши крвавиот напад.
Повеќе од 700 полицајци беа мобилизирани во потрагата по убиецот кој вторникот вечер го тероризираше Стразбур.