Пронајдени двајца членови на екипажот од американските воени авиони

Пронајдени двајца членови на екипаж по уривањето на американските воени авиони кај јапонскиот брег. Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека прво е откриен еден маринец, чија состојба е стабилна, а по кусо време и вториот, чија состојба за сега не е позната. Други детали за останатите петмина членови на екипажите засега нема. Маринскиот корпус на САД предходно соопшти дека два борбени авион, во кои имало вкупно седум членови на екипажи денеска се урнале кај брегот на Јапонија.

Авионите полетале од воздухопловната база на Маринскиот корпус Ивакуни, во близина на Хирошима, и спроведувале редовна обука кога дошло до несреќата.

Во потрагата по исчезнатите војници веднаш се вклучиле и јапонски авиони за потрага и спасување.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ