
Расте стравот од трка во нуклеарното вооружување меѓу Русија и САД
Расте стравот од трка во нуклеарното вооружување меѓу Русија и САД, откако американската амбасада му достави протестна нота на на руското министерство за надворешни работи, дека САД ќе се откажат од договорот за нуклеарно вооружување, доколку во рок од 60 дена Москва не престане да го крши.
- САД денеска тврдат дека имаат докази дека Русија го прекршува договорот и ги суспендираме обврските кои како правен лек ќе бидат ефектуирани во наредните 60 дена, освен ако Русија не се врати на целосна верификација на спогодбата, рече Мајк Помпео, државен секретар на САД.
Дострелот на ракетите претставува директна закана за Европа, истакна Помпео. Трамп веќе најави дека САД ќе се повлечат од договорот потпишан во 1987 година, по обвинувањата дека Русија работи на развој на нови проектили. За руското МНР ова се само шпекулации и за кои САД немаат докази.
- Оваа хибридна шема – 60 дана, суспензија, замрзавање, одмрзавање, делумно замрзавање – тоа е се политички лексикон. Постојат правни експерти који мораат да го проучат текст на Договорот во однос на субјектот кој спроведува суспензија или се повлекува од него, истакна Марија Захарова, Портпарол на руското МНР.
Руските предлози за дебата со Вашингтон се на маса, рече Захарова, но заканувачки одговор пристигна токму од началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов, кој на состанокот пред странските воени аташеа рече дека мета на одговорот на Русија нема да биде територијата на САД, туку земјите каде се поставени американските системи од среден и краток дострел. Во меѓувреме додека САД се обидува да ја зачуваат доминацијата во светот, Русија започна воени вежби во Црното море.
Билјана Ставрова