
Хаос на улиците во Париз, повредени над 60 луѓе
Повеќе од 65 луѓе, меѓу кои 11 полицајци се повредени во денешните судири на „жолтите елеци“ во Париз, кои веќе трет викенд излегуваат на протести. Судирите избија кога помала група на демонстранти поставија барикади насред Елисејските полиња и запалија гуми. Полицијата реагираше со еден солзавец, но тоа не ги спречи демонстрантите да продолжат со агресијата, да ги пробијат кордоните и да фрлаат со камења кон полицајците кои беа испрскани и со жолта боја.
- Беше екстремно насилно. Претставниците на полициските сили беа на позиција. Тоа покажува дека нашиот механизам бил коректен. Потоа биле нападнати и велат дека ретко виделе ваков степен на насилство, изјави францускиот премиер Едуар Филип.
Уапсени се 107 луѓе. Премиерот вчера се обиде да разговара со организаторите, но состанокот беше фијаско, зашто беше одбиено барањето на „жолтите елеци“ состанокот да се пренесува во живо на телевизија.
- Им кажав дека не сакам да ја продолжам дискусијата бидејќи е невозможно да се снима средбата“.
Она што првично почна како протест против мерката на Макрон за зголемувањето на цените на горивата, премина во генерален гнев заради високите животни трошоци. Властите стравуваат дека крајната десница и левица се обидуваат да се инфилтрираат во движењето на „жолтите елеци“.
Протестите почнаа пред три недели, кога на улица излегоа само возачите, но брзо им се придружија фаремрите, службениците, пензионерите. Сега „жолтите елеци“ станаа движње кое почнува да се шири и низ другите европски земји. Луѓето бараат да се намалат даноците, државата да почне да дели субвенции со кои би им се погнало на компаниите да вработуваат, да има поголема пензија и поголема миниална плата. Макрон стои на ставот дека нема да ги намали даноците за горивото, зашто тоа е единствениот начин за борбата против глобалното затоплување. Негвиот говор не ги убеди луѓето, кои го обвинија дека лета многу високо и дека воопшто нема никаква поврзаност со обичниот народ.
Алиса Шутиноска
https://youtu.be/0sPeP0Wjvvc