
Климкин: Цел на воената состојба е контрола врз Донбас и Крим
Главната цел на прогласувањето воена состојба во Украина е Киев повторно да воспостави контрола врз Донбас и Крим, изјави украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин на седницата на Врховната Рада.
Главна цел на прогласувањето на воената состојба за мене без сомнеж е ослободување на окупираните територии, рече Климкин и додаде дека „исто така е неопходно напорите да се фокусираат на одбивање провокации“.
Украина ги смета за окупирани територии делови од регионите Доњецк и Луганск, како и Крим.
Воена состојба во Украина е воведена во 10 од 27 региони на Украине, кои украинскиот претседател Петро Порошенко ги идентификува како најподложни на евентуален руски напад.