Тензии меѓу Украина и Русија кај преминот Керч

Русија и Украина си упатија обвиненија по инцидент во морето денеска во близина на спорниот Полуостров Крим, со што пораснаа тензиите меѓу двете земји и ја поттикна Москва да го блокира преминот низ теснецот Керч.

Руската крајбрежна стража соопшти дека три украински брода извршиле неовластено премин преку руските територијални води, додека Украина тврди дека еден од нејзините чамци бил удрен од брод од руската крајбрежна стража. Според украински извори повредени се двајца членови на екипажот.

Теснецот Керч е водената површина помеѓу Крим и Руското копно.

Инцидентот започна откако украинската морнарица обвини дека бродот на руската крајбрежна стража удри еден од нејзините бродови, кој патувал со два украински морнарички артилериски бродови од Одеса на Црното Море до Мариупол во Азовското Море, преку теснецот Керч

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ