Судир на полицијата и демонстрантите во Париз

Со извици “Макрон, Оставка”, “Макрон, крадец” и интонирање на марсељезата 250.000 луѓе од Прованса до Нормандија маршираа кон  Елисејската палата за да го искажат револтот по зголемувањето на цените на горивата. Но полицијата ги запре во обидот да стигнат пред претседателската палата употребувајќи солзавец и водени топови.

Тензиите се во пораст низ Франција, протестите во кои досега имаше две жртви, траат веќе втора недела. Францускиот министер за внатрешни работи, Христоф Касте-нер, повика на мир и најави остри полициски мерки во случај на немири.

Околу 3.000 припадници на безбедносните сили се распоредени само во Париз. Макрон застана во одбрана на одлуката за зголемување на цените на бензинот, во која се наведува дека оваа мерка е неопходно со цел да се намали зависноста од фосилни горива на Франција и најави дека на почетокот на следната недела ќе претстави нови планови за да се олесни т.н. “енергетската транзиција”.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ