РОСУ на северот од Косовска Митровица, апсења за случајот Ивановиќ

Жителите на северниот дел од Косовска Митровица утринава ги разбудија полициски сирени за опасност, а потоа следела и пукотница. Припадницте на косовските специјални сили РОСУ влегле во домовите на двајца полицајци,  ги удирале со пушки и со нозе, а потоа биле приведени. Осомничени се дека имале врска со убиството на потпретседателот на Српска Листа Оливер Ивановиќ, кој беше убиен на почетокот од годинава. Акцијата продолжила уште на две локации, каде исто така се уапсени уште две лица. Станува збопр за полицајците Марко Рошиќ и Недељко Спасојевиќ, еден од нив бил и суспендиран за прикривање на докази во врска со убиството на Ивановиќ.

Во градот владее вознемиреност и голема тензија. За потпретседателот на Српска Листа, Игор Симиќ апсењата се брутална лага и обид за застрашување на српското население дека станува збор за полициска акција која би се однесувала за откривање на убијците на Ивановиќ.

  • Она што морам да го напоменам е тоа што претседателот на Српска Листа утринава го рече е дека за жал се потврди точноста на информацијата која вчера претседателот Вучиќ ја подели со нас, е дека РОСУ се подготвуваат за некаков напад на северот и дека се мобилизираат, тоа се случи. Оние медиуми кои пишуваат дека известувањето на Вучиќ е лажно се покажа како медиумска пропаганда, која требаше да ја маскира ситуацијата на терен и да ја намали будноста на нашите граѓани, вели Игор Симиќ, потпретседателот на Српска Листа.

Никој не знае каде се одведени упасените, освен што косовската полиција по завршување на акцијата се повлекла во јужниот дел од градот. Од косовската полиција велат дека постапиле по налог на надлежниот суд. Во тек е вонредна седница на Владата на Србија поради упадот на РОСУ.

 

Алиса Шутиноска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ