Во Индонезија изваден мртов кит со шест килограми пластика во утробата

Мртов кит со 6 килограми пластика во својот стомак е изваден на индонезискиот брег, соопштија од Националниот парк на Индонезија. Од неговата утроба се извадени 115 пластични чаши, 4 пластични шишиња, 25 пластични ќеси и два пара папучи, кои вкупно тежеле 6 килограми. Трупот на 9,5 метарскиот цицач бил пронајден во водите на островот Капота во Националниот парк Вакатоби. Откритието во неговата утроба предизвика загриженост и осуда од еколозите. Велат дека иако се уште не еутврдена причината за неговата смрт, фактот за она што го нашле во него е ужасен, а глетката била стравична.

Последен ваков случај имаше во јуни, кога кит од видот пилот, угина во водите на Тајланд, откако проголта 80 пластични ќеси.

Според годинешниот извештај на еколозите, количината на пластика во водите на океаните може за трипати да се зголеми во наредната деценија, доколку не се намали фрлањето на отпадот.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ