
Реконструкцијата на Албанскиот театар се одвивала незаконски
Во анализата за обновата на Алабанскиот театар стои дека компанијата „ Ламоне Мореда“ од Италија, чија македонска подружница требаше да го обнови театарот во 2015 година, за кратко по склучениот договор, отишла во стечеј. При тоа, заедно со договорите за реконструкција на Албанскиот театар, за фасадата на министертвото за правда, и катната гаража Мал Ринг, подружницата на „ Ламоне Мореда“, е продадена на подружница на„ Шенција“, друга италијанска компанија во Македонија, која веќе имала склучено договор за подизведувач на истиот проект со „ Ламоне Мореда“. Тоа е против домашните закони, вели Тасева. Но и нашите институции делувале противзаконски, дополнува претседателката на комисијата.
- Договорот со „ Шенција“ е склучен после донесената одлука од судот во Република Македонија, дека се прифаќа судската одлука од стечајната постапка од Италија. А тоа не смее, се разбира. Ама за таква судска одлука се произнел и јавниот правобранител на РМ, вели Слаѓана Тасева-претседателка на комисијата за ревизија на Албанскиот театар.
По склучениот договор со „ Шенција“, постигнати се уште 9 анекси, со кои вредноста на тендерот е зголемена за околу 30 % и од 8 милиони , тој скокнал на сума од над 9 милиони евра, вели Тасева. Според неа, причина за пролонгирањето на обновата е што не биле обезбедени сретства на време, па со одлука на претходната Влада, еден тендер бил поништен и покрај избраниот најповолен понудувач. А, во анализата има забелешка и за нестручноста со која е водена постапката.
- Не можете да оставите лица кои што воопшто не се квалификувани за таа работа како што се вработните во Алабанскиот театар, да водат еден ваков голем проект, вели Слаѓана Тасева-претседателка на комисијата за ревизија на Алабанскиот театар
Документацијата од случајот сега е кај СЈО и се очекува тоа да реагира, вели Тасева. Алабанскиот театар започна да се обновува во 2014. И покрај најавите дека ќе биде готов за една година, тоа не се направено досега. Неверување за завршувањето на реконструкцијата во октомври, изрази и министерот за култура Асаф Адеми, кога во јули го посети објектот.
Сотир Трајков