Американскиот Конгрес менува правила

Американскиот конгрес ќе ги смени своите интерни правила по иницијатива на една муслиманка, која е избрана за конгресменка, со цел да се дозволи носење хиџаб во зградата. Илхан Омар, поранешна сомалиска бегалка, беше избрана за член на претставничкиот дом од демократската партија. Таа е вклучена во менувањето на правилата на конгресот, кој 181 година забрануваа главата на луѓето да е покриена со нешто кога се во зградата. Сега се планираат исклучоци од религиозни причини. Тука спаѓаат исламската марама, еврејска кипа и индиски турбан. Претставничкиот дом, во кој сега мнозинство имаат демократите, промената би требало да ја одобри во јануари. Во меѓувреме, Илхан Омар најави дека ќе смени уште неколку забрани.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ