
Косово одбиено да стане членка на Интерпол
Косово не успеа да стане дел од Интерпол, јавуваат српските медиуми. Сепак во првиот круг на гласање, за членство на Косово гласаа 76 земји, 56 беа против, а 22 воздржани. Србија остро реагирала дека се крши резолуцијата 1244, а поддршка дале Шпанија, Мароко, Кипар, Кина, Белорусија и Русија. Следуваше и втор круг на гласање, каде барањето на Косово не помина. Косово досега трипати поднесуваше барање за членство во Интерпол. Оваа меѓународна полициска орагнизација минатата година усвои резолуција по која земјите кои бараат прием мора да се членки на ОН или да имаат статус на набљудувач.