
Топ Тема на Ваша страна: Закон за амнестија (19.11.2018)
Заев против Заев. Пред шест месеци бараше сите што се огрешиле да одговараат, а сега на ненасилните од 27 ми април им нуди амнестија. Кој се од 33-цата ќе се најде на списокот помилувани и помирени? Дали и Игор Југ, Нинџа, Кољо ќе бидат ослободени од вина заедно со пратениците Муковски и Василевски. Дали во затвор ќе завршат само Чавков и останатите од МВР? Заев не објаснува, а Правда се уште молчи за евентуалниот Закон за амнестија. Политичкото помирување влезе во судница.
Во Топ тема на Ваша страна адвокатите Сашко Дуковски, Еленко Миланов и Абидин Абдули.