Повторно протести во Франција против поскапување на горивото, во вчерашните беа повредени над 400 лица

Откако вчера 287.000 лица протестираа во Франција поради покачувањето на цените на горивото, автопатиштата во земјата утрово, во знак на протест, се блокирани на околу 40 места.

Француската Влада утрово порача дека нема да ја менува нејзината фискална и еколошка политика и покрај демонстрациите.

Во вчерашните протести во Франција повредени се над 400 лица, од кои 14 се во критична состојба. Меѓу повредените има и полицајци и пожарникари.

Француската полиција привела 282 демонстранти.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ