
Избори во САД: Мнозинство на демократите во Претставничкиот дом во Конгресот
Демократите на САД ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом на американскиот конгрес со што му наносоа удар на претседателот Доналд Трамп.
Преземањето на контролата над Долниот Конгрес на Конгресот за прв пат во последните осум години ќе им овозможи на демократите да ја спречат агендата на претседателот.
Но републиканците на Трамп се подготвени да ја зајакнат контролата врз Сенатот.
На гласањето се гледаше како на референдум за владеењето на претседателот, чиј мандат истекува во 2020 година. Ова е историја која ретко се повторува.
- Се надевам дека демократите ќе имаат добри идеи за земјата и претседателот ќе ги слуша неговите предлози. Врз нив е теретот да дојдат во Белата куќа и да му ги претстават на претседателот. Јас сметам дека не е инцидент што републиканците се одржаа и ќе бидат во Сенатот. Тоа е многу значајно. Всушност ова е историја. Тоа се случило само осумпати во последните 80 години, рече Келиен Kонвеј, саветник во Белата куќа.
Лидерката на демократите во сенатот Ненси Пелоси, која треба да стане спикер, изјави дека на Американцте им е доста од поделби, започнува нов ден во Америка.
- Демократскиот конгрес ќе работи на решенија кои ќе се носат заедно, бидејќи на сите им е доста од поделената Америка. Американскиот народ сака мир, сака резултати, сака да постигнеме позитивни резултати за нивниот живот, рече Неси Пелоси, Лидер на демократите во сенатот.
Претседателот Трамп се фокусираше на Сенатот и се пофали дека е постигнат – Огромен успех оваа вечер. Ви благодарам на сите, напиша Трамп на Твитер, кој во текот на кампањата активно агитираше во прилот на републиканските кандидат.
Американските медиуми наведуваат дека на изборите забележителни резултати остварија претставниците на малцинствата. Во трката за гувернер на Колорадо победи демократот Џаред Полис, кој е јавно деклариран хомосексуалец, а неговата сопартијка Шарис Дејвидс стана првата Индијанка избрана за член на Конгресот од Канзас.
Во Претставничкиот дом првпат се избрани и две муслиманки. А Дваест и деветгодишната демократката Александрија Оказаио-Кортез со победата во изборната единици во Њујорк стана најмладата жена членка на Претставничкиот дом во историјата на САД.
https://youtu.be/w66YxrGd-oA