Се урна тобоган, повредени 8 деца

Осум деца се повредени откако се урна тобоган на дување во англискиот град Вокинг. Во забавниот парк имало илјадници луѓе, кои се собрале да гледаат огномет, а околу 40 деца играле на тобоганот висок десетина метри. Одеднаш тобоганот се урнал, а повредените осум деца биле хоспитализирани. Седум од нив се пуштени, додека едно е задржано на болничко набљудување, иако според докторите повредите не се сериозни. Сведоци велат дека тобоганот изгледал нестабилно. Огнометот бил откажан, а 12.000 луѓе биле евакуирани за да се направи место да слета болничкиот хеликоптер. Истрагата зошто се случила несреќата е во тек.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ