Во Индонезија се урна авион со 189 патници и членови на екипаж

Авион на индонезиската компанија „Лајон ер“со 189 патници и членови на екипаж се урна во море само неколку минути откако полетал од Џакарта. Индонезиските власти соопштија дека во несреќата нема преживеани во несреќата. Меѓу 181 патник во авионот, кој патувал кон остров кај Суматра иамло едно дете и две бебиња.

Мојата проценка е дека никој не преживеал затоа што остатоците се расфрлани насекаде. Најверојатно загинале сите 289 лица, изјави директорот на агенцијата за спасување Бамбанг Сурјо Аџи.

Националната агенција за пребарување и спасување соопшти дека околу 300 луѓе, меѓу кои и војници, полицајци и локални рибари учествуваат во потрагата.

Од операцијата за пребарување на површината која се одвува од утрото, најдовме само неколку делови од тела. Мислам дека многу од жртвите се уште се во авионот затоа мора да го лоцираме трупот и што побрзо да почнеме со нуркање, изјави Аџи.

Причината за несреќата се уште е непозната, Боингот 737 макс 8 кој е подобрена верзија на широкораспространетиот боинг 737, на „Лајон ер“ му бил испорачан во август годинава. Индонезиската служба за контрола на воздушниот сообраќај соопшти дека екипажот на авионот побарал леталото да се врати во Џакарта непосредно пред да биде изгубен контакт со него. 13 минути по полетувањето диспечерите дозволиле авионот да се врати, но тогаш бил изгубен контакт со него. Од авиокомпанијата изјавија дека на претходен лет се појавил технички проблем но бил поправен.

Ова е втора тешка авионска несреќа во Индонезија откако авион на „ЕрЕјжа“ од Сурабаја кон Сингапур се урна во морето во декември 2014, кога загинаа сите 162 луѓе во леталото.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ