
Мекрел ќе се повлече од лидерската функција во партијата
Германската канцеларка Ангела Меркел ја известила својата патија дека нема да се кандидира за нов претседателски мандат, на внатрепартиските избори во декември. Нејзината одлука доаѓа по значително слабиот резултат на регионалните избори, кои дури се заканува да ја урне и едвај договорената владина коалиција.
Иако има намера да ја напушти лидерската позиција во партијата, Меркел сепак на своите сопартијци им соопштила дека сака да остане канцелар. Одлуката на Меркел е спротивна и на нејзините досегашни ставови, според кои инсистираше на поврзаност на партиската функција и владината, односно канцелар може да биде само лидерот на партијата.
Меркел е на чело на Христијанско демократската унија од 2000-та година а на функцијата стапи во 2015-та година.