На регионалните избори во Хасен коалицијата на Меркел претрпе загуби

Владејачките партии во Германија претрпеа големи загуби на регионалните избори во Хесен, покажуваат првичните резултати.

Центро-десничарската партија ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел,  и центро-левичарската СПД на Андреа Налес, добија за десет насто помалку гласови, во спредба со минатите избори.

Во последните месеци, ЦДУ и СПД ја губат поддршката на национално ниво, а коалицијата речиси дојде до колапс.

Во меѓувреме, партијата на зелените е на трето место на регионалните избори во Хесе, со освоени речиси 20 отсто од гласовите.

За прв пат, крајно-десничарската АФД ќе влезе во регионалното собрание, со освоени 12 насто од гласовите.

Изборите во Хесен се само две недели по оние во Баварија, каде партијата на Меркел претрпи огромни загуби.

Аналитичарите не исклучуваат и распад на владејачката коалиција, па дури и распишување предвремени парламентарни избори.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ