Пуџдемон формира ново Движење Национален повик за Република

Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон формира Движење Национален повик за Република и по тој повод тој вчера преку видео линк им се обрати на собирот во североисточниот шпански град Манреси.

Движењето е формирано со цел Пуџдемон, кој е во егзил во Белгија, да го задржи своето влијание во Каталонија.

Припадници на Движењето, според правилата, можат да бидат членови на политички партии.

Само една од трите каталонски партии кои се залагаат за сецесија го поддржуваат Движењето на Пуџдемон.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ