Вооружено лице извршило напад во синагога во Пенсилванија, најмалку осум лица се убиени

Вооружено лице изврши напад во синагога во Питсбург, Пенсилванија. „Си-Би-Си“ јави дека најмалку осум лица се убиени.

Телевизијата соопшти дека тројца полицајци се повредени при престрелка со напаѓачот, кој подоцна се предал.

Во синагогата за време на нападот имало многу лица.

Американските медиуми јавија дека веројатно бројот на жртви е поголем.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ