
Со нож прободени 14 деца во градинка во Кина
14 децa од претшколска возраст се повредени во напад со нож во градот Чонгкинг во југо-западна Кина. За нападот уапсена е 39-годишна жена која е осомничена дека ги прободела децата со кујнски нож додека тие биле легнати на грб за време на утринската вежба. Повредените деца се хоспитализирани, а според локалните медиуми, две од нив починале, но тоа се уште не е потврдено од полицијата.
Уапсената на полицијата и кажала дека причината поради која ги нападнала децата е поради тоа што кинеската влада ја одбила за азил, но се уште не се знае зошто токму овие деца биле нејзината цел.