Најмалку 12 лица загинаа во снежната бура што зафати делови од Европа

Во снежната бура што ги зафати Белгија, Холандија и Италија загинаа најмалку 10 лица. Снежната бура, проследена со ветрови кои на места достигнаа до брзина од 200 километри на час, зафати повеќе делови на Европа.Во европските градови, погодени од бурата, има големи нарушувања на патниот, железничкиот и воздушниот сообраќај. Во Германија загинаа најмалку осум лица, меѓу кои и маж (52) кој бил погоден при пад на дрво, тројца возачиво сообраќајна несреќа и двајца пожарникари кои загинале при службена интервенција. Во Холандија при пад на дрва, предизвикан од бурата, загинаа двајца мажи на 62-годишна возраст.

Во Белгија загина една жена, чиј автомобил бил удрен од откорнато дрво, додека во Италија загина маж кој паднал од неговиот коњ поради силниот ветар.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ