Силен земјотрес од 6,8 рихтерови степени го погоди Закинтос

Силниот земјотрес од 6,8 рихтерови степени кој го погоди Јонското Море е почувствуван и во Македонија. Најмногу се потресени жителите на грчкиот остров Закинтос, каде има тројца полесно повредени, но и голема материјална штета. На осторвот неколку часа немаше струја, а граѓаните панично ги напуштиле своите домови и ноќта во страв ја поминаа под ведро небо.  Материјални штети утринава се регистрирани во старите цркви, каде паднале фасадаите, а најмногу оштетен е манастирот од 15 век во Строфадес. На пристаништето на познатиот турисички остров има многу пукнатини, а брзо биле отстранети сите возила. На брегот на средоземното море по земјотресот беше издадена тревога за мало цунами. На туристите и локалните жители се апелира да не се доближуваат на плажите бидејќи се стравува од забрзан раст на брановите.

Потресот е регистриран во 1 часот и 54 минути, а по него следуваат уште десетина со интензитет до 4 степени. Тлото се уште се тресе, јавуваат медиумите, а поради сеизмичките вибрации затворени се училиштата.  Сите јавни установи и места на јавно собирање ќе бидат прегледани викендов за можни оштетувања.

Освен во Македонија, земјотресот е почувствуван и во Бугарија, Албанија, Босна, Турција, но и Малта, Италија, и Либија.

Грчките острови Закинтос, Кефалонија и Итака, во 1953 година беа погодени од неколку силни земјотреси, при што животот го загубија над 450 лица, илјадници беа повредени, а беше предизвикана огромна материјална штета. Грција лежи на две тектонски плочи и подложна е на земјотреси.

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ