Истрагата за случајот Рашагејт ќе биде предадена после мидтерм изборите

Американскиот специјален обвинител Роберт Милер, поранешен шеф на ФБИ, кој веќе година дена истражува околу руското мешање во претседателските избори од 2016-та година, е подготвен да ги соопшти резултатите од својата истрага. Ова го соопштуваат два анонимни извори блиски до супер обвинителот, во текст за економскиот сајт Блумберг.

Што значи, досието за случајот Рашагејт е готово, но прво мора да биде доставено до главниот обвинител Род Розенштајн, кој потоа ќе одлучи дали да го објави во јавноста. И да дојде до такво нешто, тоа би се случило само после мидтерм изборите за Конгресот кои ќе се случат на 6 ноември, со цел да не се влијае на изборните резултати.

Според анонимните извори, на Милер досега му се јасни идеите околу две клучни точни од истрагата, и тоа околу врските помеѓу Русите и луѓето на Трамп од изборната кампања, како и тоа дали претседателот презел дејства со цел да ја попречи правдата.

Темпизмот околу истрагата не значи дека Милер нашол начин да го отплетка јазолот околу комплицираниот и осетлив случај Рашагејт, туку дека на 6 ноември е последниот ден до каде може да оди истрагата. После тоа, на изборите, еднаш кога ќе се направи новата прераспределба на моќта, со демократите кои се надеваат да го освојат Парламентот, но речиси сигурни дека нема да го освојат и Сенатот, Доналд Трамп ќе може да го изведе својот долгоочекуван потег.

Односно, да го отпушти Министерот за правда Јеф Сешешнс и неговиот заменик, главниот обвинител Розенштајн кој ја надгледува истрагата, и на тој начин, дефинитивно да го матира Милер, и на сила да ја затвори истрагата.

Трамп, колку што со нетрпение ги чека изборите, уште повеќе сака да се отараси од Милер.

Ивор Мицковски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ