Koѕијас за оставката : “Сакаа длабоко да ме закопаат, но заборавија дека сум семе”

Министерот за надворшени работи на Грција, Никос Коѕијас, денеска поднесе оставка. На чело на грчката дипломатија застана премиерот Алексис Ципрас. Грчкиот премиер прифаќајќи ја оставката на Коѕијас му се заблагодарил за неговиот придонес во водењето на надвошената политика на Грција во изминатите три и пол години. Министерството за надворешни работи ќе го преземе премиерот со цел да помогне во напорите за успешно завршување на Договорот од Преспа, се наведува во официјалното соопштение од грчката влада.

Ципрас одлуката да го преземе МНР под свое ја опиша како негова одлука да не толерира никакво разногласие, од никого.

„Ова ја покажува мојата одлука да не толерирам разногласие од никого, како и лични стратегии на националната линија на земјата. Истовремено да не дозволиме на никој свесно или несвесно, да го попречува непречениот курс на земјата кон дефинитивниот излез од кризата која го мачеѓе грчкиот народ во текот на последните осум години“, изјави Ципрас.

Ципрас испрати и порака до Македонија велејќи дека овие денови и таа има свои процедури за промена на уставното име, предвидено со Договорот од Преспа, потсетувајќи дека Грција никогаш нема да профати пристапување на земјава во меѓународби организации под уставното име.

Коѕијас во својата прва реакција по оставката на својот твитер профил напиша:

„Како што вели еден поет, доаѓа мигот кога треба да донесеш одлука со кого ќе одиш, а кого ќе оставиш. Премиерот и дузина министри, вчера го направија нивниот избор, а јас мојот. Меѓутоа би било добро да го запаметат стихот: Длабоко ќе ме закопааат, но забораваат дека јас сум семе!“, напиша Коѕијас.

Оставката на Коѕијас доаѓа еден ден по тензичната владина седница на која тој влегол во кавга со министерот за одбрана Панос Каменос за Договорот од Преспа.

За оставката на Коѕијас се огласи и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Тој на својот твитер профил му се заблагодари за соработката.

„Му благодарам на Никос Коѕијас за неговото докажано лидерство во нашите области на соработка. Сега е клучнонеговото политичко наследство, особено договорот Преспа, да биде зачувано“, напиша Хан.

Според грчките медиуми, Коѕијас бил многу лут поради тоа што тој треба да ја спроведува политиката на владата по прашањето за Македонија, додека Каменос го поткопувал тоа и за возврат е награден со ручек во релаксирана атмосфера со Ципрас. Според него, Владата не се справувала содветно со контроверзата која ја создаде Каменос.

Но освен за Договорот за името, Коѕијас и Каменос вчера ја прошириле кавгата и за користењето на фондови, при што Каменос го обвинил Коѕијас за злоупотреба на фондовите на МНР и дека е човек на Џорџ Сорос. Коѕијас по кавгата му забележал на Ципрас дека не го заштитил од ваквите обвинувања на Каменос.

Портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос, утрово зборувајќи за она што се случувало на вчерашната тензична владина седница рекол дека возот на владата се движи и кој сака може да се симне од него.

„Пораката на премиерот беше јасна и пратена до сите. Возот на владата се движи напред и ќе стигне на целта. Секој што не сака да стигне на таа дестинација или секој што е вознемирен на тој пат трба да се симне од возот. Министерот за надворшени работи редовно контактира со премиерот и ако сака да му каже нешто ќе му каже директно“, изјави Димитрис Ѕанакопулос, портпарол на грчката влада.

Грчките медиуми повикувајќи се на свои извори наведуваат дека Коѕијас кој утрово одржувал состаноци со своите соработници и одлуката за оставка ја донел откако ја слушнал изјавата на Ѕанакопулос.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ