Шестмина загинати и 27 повредени во верижен судир кај Јагодина

Најмалку шест лица загинаа, а 27 се повредени денеска при верижен судир на автопатот Белград-Ниш, на потегот помеѓу градовите Ќуприја и Јагодина.

Полицијата потврди дека причината за несреќата во која учествувале над триесет возила е густата магла.

При нсереќата, што се случила утрово во 07.20 часот, се опожарени два камиони. Сообраќајот на автопататот е во прекин, а во двата правци се формирани километарски колони од возила.

Повредените, меѓу кои има и деца, се пренесени во општите болници во Јагодина и Ќуприја. Меѓу повредените во болницата во Јагодина се и тројца странски државјани – грчки, полски и германски.

Спасувачите успеале да ги извлечат од автомобилите сите лица кои биле заробени во своите возила.

Според очевидците, во време на несреќата видливоста на автопатот била сведена на само десетина метри.

„Се движев од правец на Ниш со нормална брзина. Имаше голема магла и ништо не се гледаше. Почнав веднаш да кочам до камионот пред мене, застанав и излегов. Автомобилите веќе почнаа да се удираат“, сведочеше за РТС еден од возачите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ