Аница Добра: Филмот не може да го промени светот, но може поединците

Филмот не може да го менува светот, но тој може да ги промени поединците. За секоја промена доволно е еден човек да мечатае кој ќе ги поведе останатите вели српската актерка Аница Добра добитник на  наградата за особен придонес во филмската уметност на фестивалот „КИНЕНОВА“.  Три децении во српската и германската кинематографија со улоги во над 80 филмови меѓу кои легендарните „Како пропадна рокенролот“, „Црниот бомбардер“, „Балкан експрес“ како и големиот придонес во театарската уметност ја вбројува во највпечатливите појави на големото платно на балканските простори. Разговорот го водеше Нина Стефанова.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ