Гинеколог од Конго и поранешна робинка на ИД добитници на Нобеловата награда за мир

  • Норвешкиот Нобелов Комитет одлучи да ја додели Нобеловата награда за мир за 2018-та на Денис Муквеге и Надиа Мурад за нивниот придонес да се стави крај на сексуалното насислтво како оружје во војната и вооружените конфликти. Двајцата лауреати имаат значаен придонес фокусирајќи го вниманието и борбата против таквите воени злосторства.

25-годишната Надиа Мурад издржала три месеци во рацете на џихадистите од Исламска Држава во Мосул. Била киднапирана, продавана неколку пати..издржала бројни силувања и физички малтретирања пред да стане, да собере сила и да избега од злосторот кој не може да се замисли…Во 2014-та станува активистка за малата етничка група Језиди, на која им припаѓа, и дава се од себе да се стави крај на трговијата со луѓе..Го повикува светот да станат свесни и да се казнат силувањата кои се користат како оружје во војната..Кога ја забележаа Мурад одбиваше анонимно да говори за траумите. Бараше да ја видат, за светот да знае што се случува со овие жени…

  • Верував дека со ослободувањето на Мосул, во голем дел заробеници Језиди, повеќе од 3.000 жени и деца, ќе бидат пронајдени, бидејќи сте телефонски повици, информации индицираа каде се наоѓаат. Дури и моето семејство, внука ми ми се јави од таму пред 10 месеци. Но, сега не знаеме ништо за неа. А денес, од Мосул се ослобидени само 75 луѓе“ објаснува младата Мурад.

За својата борба ОН и ја доделија улогата на амбасадор на добра волја. Мурад е првата Ирачанка која ја добива престижната нобелова награда од еден милион долари која според комитетот ќе ја дели со гинекологот од Конго, Денис Муквеге.

Кај овој 63-годишен доктор со децении спас бараат жртвите од сексуално насилство во неговата земја. Тој заедно со своите колеги во болницата Панзи во градот Букаву досега излечиле 30 илјади жени, развивајќи неверојатна експертиза во третманот на сериозните повреди со кои се носат силуваните жртви искористени како оружје во војната. Доктор Муквеге е во постојан конфликт со владата во Конго поради игнорантскиот однос кон жените кои трпат сексуално насилство. Добитник е на борјни награди за неговата хумана нработа, а денеска му честитаа и од владата во неговата земја.

И Мурад и Муквеге добија честитики од сите 331 номинирани за Нобелот за мир, меѓу нив и германската канцеларка Меркел. За најголем дел од нив ова е најдобриот избор кој го нема со години. Конечно борбата на Мурад и Муквеге ја достигна својата цел – фокус на страшните сексуални насилства во војните. Сега е време за акција против насилниците и сексуалните предатори.

Алиса Шутиноска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ