Повеќе од 380 загинати во земјотрес и цунами во Индонезија

Повеќе од 380 загинати, но бројот ќе се зголемува, најмалку 540 повредени, а 29 се исчезнати. Ова е последниот биланс на настраданите во земјотресот и цунамито кој ја погоди Индонезија. Голем број мртви тела лежат на морскиот брег на островот Сулавеси. Илјадници куќи, холети и болници се срамнети со земја во градовите Донгала и Палу. Земјата се трешеше со јачина од 7,5 рихтери, кои предизвикаа цунами и бранови високи до три метри. Вриштејќи во паника и страв луѓето бегаа во џамиите излегувајќи од разурнатите згради.

Агенција за катастрофи во Индонезија работи во тешки услови главниот пат за Палу е блокиран поради лизгање на земјиштето, а главниот мост е вон употреба.

-Голем број жртви настрадале во земјотресот и цунамито, добивме многу изваштаи за пронајдени мртви тела долж брегот, и понатаму се утврдува точниот број, веруваме дека бројот ќе расте. Нашиот главен фокус во овој момент, покрај спасувачката операција и спасување на настраданите, е да се продолжи со напорите за стабилизирање на електричната и комуникациската мрежа, за да можеме да се координираме, изјави Сутопо Пурво Нугрохо, портпарол Националне агенције за катастрофе.

По земјотресот метеоролошката агенција најпрво издадала, а потоа го повлекла предупредувањето за цунами, кое потоа сепак се случи. Индонезискиот претседател изрази сочувство за загинатите

-Веќе им наложив на министрите за политика и безбедност да се координираат сите ресурси вклучувајќи ја и Националната агенција за катастрофи. Исто така го повикав и началникот на вооружените сили заеднички на делуваат во решавање на вонредната ситуација, вклучувајќи ја потрага и спасувачката операција, евакуацијата и подготовката на основните потреби, изјави Јоко Видодо, претседател на Индонезија.

Локалните власти информираа дека и утрово продолжиле силни афтершокови, откако градот, кој живее од туризам, го погоди цунами и силен земјотрес. Индонезиските власти се уште не можат да ги соопштат дефинитивните бројки на настрадани во оваа катастрофа. Во Донгала и Палу живеат повеќе од 600.000 луѓе.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ