Авион принудно слета во Микронезија, нема жртви

Несреќа се случи во раните утрински часови, кога авион на компанијата Ер Ниугини ја промашил пистата во текот на слетување и заврши во лагуна на островот Чак во Микронезија. Ниту еден од 36-те патници и 11 членови на екипажот немаат сериозна повредени, и сите се пренесени во болница.

Според информациите авионот удрил во брегот покрај пистата, а причината за несреќата се уште не е позната. Ер Ниугини е национална авио-компанија на Папуа Нова Гвинеја. Микронезија се наоѓа северно од Австралија и има сто илјади жители.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ