
Синдикатот за култура бара повисоки плати
Власта да ги исполни ветувањата дадени пред изборите, бараат од Синдикатот за култура. Од таму се незадоволни што со години добиваат ниски плати, а со владините анти кризни мерки од 2009 година, кои сеуште се на сила, им се замрзнати покачувањата и не им се вреднуваат звањата. Во такви услови , културните работници и уметници не добиваат дневници и други додатоци.
- Со тоа се спречува користењето на законското право на вработените културни работници и уметници, да им се покриваат патни трошоци, теренски трошоци и дневници, вели Сања Арсовска- претседател на Синдикат за култура
- Носечкиот кадар во овие институции зема плата од 19 илјади денари. Со високо образование, меќу кои има и луѓе магистри и доктори на науки, изјави Марија Петковска- СО при СКРМ во Музеј на Македонија.
Од Синдикатот велат дека за валоризација на звањата добиле уверување од мунистерот за култура Адеми дека се обезбедени сретства, но со исклучок на Националниот конзерваторски центар каде решенијата веќе биле поделени, во другите установи од културата, тоа не е сторено.
- Партиски вработувања сеуште постојат. И тоа многу не иритира дека трудот воопшто не се цени денес, вели Адије Дестановиќ- СО при библиотеката „ Браќа Миладиновци“)
Од Министерството за култура, со одговор дека проблемот ќе биде решен за кусо време .
- Постапката за потребната документација е во тек и добиена е согласност од Министерството за финансии за исплата на сретствата, потребни за унапредување и покачување на платите на стручните звања, соопштија од таму.
Синдикалците се пожалија и дека Уставниот суд се прогласил за ненадлежен во врска со преставката за членот 14 од статутот на СОНК, со кој на секој член му се наложува, ако сака да го напушти здружението , од денот на поднесеното барање, да плаќа чланарина уште 3 години. Тоа е против уставно, дециден е потпретседателот на Синдикатот за култура, Александар Стојчески. Синдикалците рекоа дека ако нивните барања наскоро не бидат испочутувани, ќе превземат радикални мерки и ќе стапат во штрајк.
Сотир Трајков