Вучиќ: Убиството на Ивановиќ е тероризам

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека убиството на Оливер Ивановиќ е терористички чин.

– За државата Србија тоа е терористички акт и така ќе се однесуваме кон него, изјави Вучиќ на прес конференција по седница на Советот за национална безбедност.

Тој додаде дека е испратено писмо до органите на Еулекс со барање органите на Србија да учествуваат во истрагата за убиството, јави Танјуг.

– Ќе ги пронајдеме убијците или убиецот, тоа утрово и го ветив на сопругата на Оливер Ивановиќ, изјави Вучиќ.

Вучиќ потврди дека делегацијата на Србија во Брисел ги прекинала разговорите во рамки на дијалогот со Косово бидејќи е бесмислено  да се разговара со секојдневни закани.

Тој му порача на Кадри Вејсели, кого го нарече „господарот на Косово“ дека нема да стигне до Ниш како што се заканувал.

– Тешко е да се зборува за нешто ако имате секојдневни закани, каде оној кој е вистински господар со Косово, а тоа не се Тачи ниту Харадинај, туку е Кадри Вејсели, и кој зборува дека Албанците нема да се запрат до Ниш, изјави Вучиќ.

– Добро ги разбравме тие закани како и молчењето на оние кои истата секунда требаше да реагираат, додаде Вучиќ.

– А тоа дека доаѓаат со војска нека го заборават, нагласи тој.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ