
Екстремната десница води на изборите во Шведска
Првичните резултати од парламентарните избори во Шведска покажуваат дека екстремната десница води со 19,2 проценти од гласовите. Партијата Шведски Демократи, која минатите избори освои 12 проценти од гласовите, за властите е расистичка, поради нејзината анти-имигрантска политика. За време на кампањата ветуваа и излегување од ЕУ, и замрзнување на имиграцијата, со објаснување дека правејќи им добро на мигрантите, се заборава на социјалата во земјата. Медиумите јавуваат дека во текот на денешното гласање, гласачите биле вознемирувани од припадници на неонацистичкото движење. Се очекува, ниту една од партиите да не освојат мнозинство, па формирањето на владата би бил сложен процес.
Ова се први избори во Шведска, откако пред три години владата дозволи влез на 163 илјади мигранти, што е најмногу мигранти во една земја членка на ЕУ по бројот на нејзините жители.