
Севрена Кореја ја одбележи 70 годишнината без балистички ракети
Северна Кореја ја одбележи својата 70 годишнина со воена парада без покажување на интерконтиненталните балистички ракети кои беа постојан декор на парадите претходните години. Наместо препознатливите ракети кои им донесоа многубројни санкции, на парадата властите во Севрена Кореја ги заменија со цвекиња и балони. Северна Кореја традиционално ги користеше големите датуми и празниците за изложување на нивните воени капацитети и последните достигнуцања во ракетната воена индустрија. Меѓутоа тоа не се случи годинава по состаноците на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун со американскиот претседател Доналд Трамп, јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин и кинескиот претседател Си Џинпинг кога наведе дека целта му е денуклеаризација на Корејскиот полуостров. Во јуни оваа година Ким Јонг Ун и Трамп потпишаа договор за денеклеаризација, но во него не вклучија временска рамка за негово спроведување, како и детали или механизми кои ќе го потврдат процесот. Некои аналитичари велат дека прикажувањето на парадата интерконтинтелните балистички ракети кои се во состојба да стигнат до територијата на САД ќе се сметаше за сериозна провокација. Токму поради тоа, овој потег на севернокорејските власти тие го оценуваат како позитивен момент во процесот на денуклеаризација на полуостровот.
Тема на овогодинешната прослава беше обединувањето на Корејскиот полуостров кој беше поделен од војната која траеше од 1950 до 1953 година.
Јордан Дуков