
Британија обвини двајца Руси за труењето на Скрипал и неговата ќерка
Британските власти именуваа двајца Руси за кои е подигнато обвинение поради труењето со нервен агенс на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во англискиот град Солзбери.
- Обвинителите од антитерористичката дивизија ги разгледаа сите докази и заклучија дека има доволно докази да се обезбеди реална можност за обвинение, и очигледно, во јавен интерес е да се обвинат Александар Петров И Руслан Боширов, кои се од руска националност.“, вели Су Хеминг – Директор на правната служба на Кралското обвинителство.
Двајцата Руси се соочуваат со обвиненија за криминален заговор со цел убиство на Скрипал, обид за убиство ја Секрег Скрипал, Јулија Скрипал и Ник Бејли, употреба и поседување на Новичок и предизвикување тешки телесни повреди на Јулија Скрипал и Ник Бејли.
- Секако останува на поротата да одлучи дали има доволно докази за тие да бидат убедени во вината на осомничените. Нема да бараме екстрадиција од Русија на овие мажи, затоа што рускиот устав не дозволува екстрадиција на руски државјани.“, Су Хеминг – Директор на правната служба на Кралското обвинителство
Скрипал и неговата ќерка Јулија беа отруени во март оваа година. Скрипал почина неколку денови подоцна во болница додека Јулија и полицаецот Бејли успеаа да преживеат. Британските власти соопштија дека нервниот агенс употребен во убиството на Скрипал, бил камуфлиран во шише од парфем, кое подоцна било пронајдено од Доун Стурџес и Чарли Роули. Инцидентот со труењето на Скрипал предизвика дипломатска војна меѓу Британија и Русија, која колуминираше со протерувањето на десетици руски дипломати од европските земји.
Игор Трајков