
Ќе научат ли младите Германци што е Нацизмот преку видео игрите?
Германците за прв пат ќе дозволат во видео игрите прикажување на симболи од нацизмот. По втората светска војна со устав и закон строго е забрането во Германија да се користи иконографијата на Хитлер која беше многу моќна и една од главните причини за привлекувањето на илјадници следбеници на нацистичката партија.
Сепак, модерните креатори на видео игри тврдат дека имаат легитимни цели за користење на нацистичките симболи. Цензурата треба да се тргне бидејќи игри како Волфенштајн- Новиот ред имаат силни пораки против нацизмот. Играта замислува алтернативна реалност во која нацистите ја победиле Европа и Америка и владеат со светот.
„Различно е од тоа што беше претходно, кога немаше никаков разговор, тогаш само ни викаа – Не, немојте ни да се обидувате. И така, моравме да ја завршиме целата работа и да ги прикриеме (деловите за Нацизмот)“, изјави Пит Хајнс постар потпретседател на студиото Бетесда.
Целта е да се направи паралела преку уметноста со сегашната состојба кога се буди неонацистичкото и неофашистичкото движење. Стравот од мигрантите и малцинствата, нискиот степен на толеранција и обидите за гушење на слободата се реални и против нив мора да се спротистават сите.
„Може да направите филм за Ана Франк, но не може истото да го направите како креатор на игри да го покажете истото во видео игра, што нема никаква смисла бидејќи е многу полесно да допрете до младата генерација преку игри наместо со филмови. Затоа наша одговорност е да ги прикажеме овие приказни“,вели Феликс Фалк главен директор на Германската асоцијација за видео игри.
Креаторите на игри не смееја да го користат името на Адолф Хитлер дури и ако неговиот лик е дел од самата игра со историски настани од Втората светска војна. Војниците нацисти против кои играчот се бори исто така мораше да се нарекуваат со други називи.
Тие што не учат од својата историја се осудени да ја повторат, па затоа сега креативците од видео игрите се надеваат дека нивните современи пораки ќе бидат прифатени.
Христијан Станоевиќ