
Осум загинати во експлозија на автомобил-бомба во Сомалија
Најмалку осум лица загинаа, меѓу нив и две деца по експлозија на автомобил бомба во главниот град на Сомалија, Могадишу. Според полицијата бомбашот се обидел да помине преку контролниот пунк со голема брзина, но бил спречен од безбедносните сили, по што тој ја детонирал бомбата.
Во експлозијата настрадале тројца војници, а другите загинати се цивили. Болнички извори јавуваат дека 14 луѓе, меѓу нив и шест деца се на интензивна нега во болница.
Поголем број од жртвите се ученици од блиското исламско училиште. Властите предупредуваат дека е можно бројот на жртвите да биде поголем бидејќи експлозијата ја разурнала една зграда и џамија. Се уште никој не ја презема одговорноста за нападот. Последниот напад во Сомалија се случи минатиот октомври кога загинаа 512 луѓе.