
Планот на Орбан и Салвини за нова миграциска политика- најпрво да се обезбеди мнозинство во ЕП
Тој е мој херој, одушевено зборуваше унгарскиот премиер Орбан за италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини при последната посета на Милано. Двајцата политичари објавија манифест за промена на европската миграциска плитика. Според манифестот, како што се вели во анализата на Дојче веле, ЕУ политиката треба да се преобрази во плитика на изолација и отфрлање на бегалците.
Планот на Орбан и Салвини е на изборите за Европскиот парламент во мај 2019 година италијанската десно радикална партија Лига и унгарските демократи партијата Либерални демократи да освојат доволен број на места за Анти-миграциската коалиција да може со мнозинство гласови да влијае на изборот на составот на новата Европска комисија. Следната Европска комисија како што истакнаа мора да се погрижи за тоа- мигрантите од Африка, кои се стационирани во Италија или кај некоја друга земја – членка на ЕУ, повторно да се вратат во Африка.
– Денеска почнува патувањето кое ќе следи во наредните неколку месеци кон една друга Европа, кон променета Европска комисија и европски политики кои ќе се фокусираат на правото на работа, на живот, на здравје, на сигурност – се што порекнуваат европските елити, кои се финансирани од Сорос и Макрон. Верувам дека сме блиску на до историска промена на континентално ниво, рече министер за внатрешни работи Матео Салвини.
– Му посакуваме многу успех на министерот за внатрешни работи Салвини, Унгарија е со него, а ние сме со него во се што тој рече и направи предходно во Европскиот парлемент, рече Виктор Орбан, унгарски премиер.
Во Италија на сојузот меѓу партијата на Орбан Фидеш и на десничарската Лига се гледа со скепса. Орбан не сска да прифати ниту еден мигрант од Италија. Познавачите велат дека не постои солидарност меѓу националистите.
Сепак шансите за нова анти – миграциона коалиција во ЕУ и не се така мали. Уште сега може да се набројат Полска, Чешка, Словачка и Австрија како држави- подржувачи.
Европската комисија ги критикува ваквите методи. „Италија си пука в нога сама на себе“, смета европскиот комесар Димитриј Аврамопулос кој вели дека е потребно долгорочно решение за распределба на мигрантите.
Билјана Ставрова