
Обама и Буш во погребната поворка за починатиот сенатор МекКејн
Поранешните американски претседатели Брак Обама и Џорџ Буш се во погребната поворка на церемонијата за починатиот сенарот Џон МекКејн, која се оджува во Националната катедрала во Вашингтон. Тој почина пред една недела од рак на мозокот на 81 година.
Претседателот Доналд Трамп не присуствува на погребната церемонија откако семејството МекКејн јасно стави до знаење дека тој не е добредојден. Но членовите на администрацијата на Трамп кои се присутни, нив ги предводи ќерка му Иванка и зетот Џаред Кушнер.
Прва свој проштален говор одржа ќерка му на МекКејн, Меган, која рече дека тој беше голем човек, американска величина, кој не се служеше со ефтина реторика, како некои луѓе кои никогаш нема да можат да му се приближат. Америка на Џон Мек Кејн беше храбра, снаодлива и сигирна. Америка која не се фали, туку зборува тивко, бидејќи е силна, истакна во својот говор Меган МекКејн.