Русија со воена парада- најголема по Студената војна

Русија планира да одржи големи воени игри во кои ќе бидат вклучени 300.000 лица. Тоа би биле најголемите руски  воени маневри од Студената војна.

Би биле искористени повеќе од 1000 авиони, 36.000 тенкови и други оклопни сретва а  ќе се вика Восток -2018 најави Министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Вежбите доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу НАТО и Русија а ќе се одржат од 11 до 15 септември. Во нив ќе учествуваат и армиите на Кина и Монголија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ