Свет Продолжува истрагата за тешката автобуска несреќа во Бугарија
Бугарските власти денеска ја продолжија истрагата за вчерашната сообраќајна несреќа кај Софија во која загинаа 16 лица а 18 други беа повредени.
Министерот за транспорт Ангел Попов автобусот требало да помине технички преглед на почетокот на август, но постојат сомнежи дека прегледот не бил извршен.
Според прелиминарните резултати од острагата во која учествуваат и страски експерти несреќата се случила кратко време по 17 часот по локално време. Автобусот минувајќи го овој дел од патот, во кој има многу остри кривини и ограничување на брзината до 40 кимоетри на час, изгубил контрола и удрил четири други возила, по што излетал од патот и паднал во удолница длабока 20 метри.
Според бугарските медиуми сите патници во автобусот биле од местото Божуриште во близина на главниот град. Бугарската влада објави дека понеделник 27 август ќе биде национален ден на жалост.
„Тие се наши роднини, познаници, пријатели. Истот така и човекот, кој разбрав дека ги возел, сите ние го познаваме, тој е еден од нас. Григор. Мала компанија од која имаме добри впечатоци. Тој е трудољубив човек“, изјави градоначалникот на Божуриште Ѓеорѓи Димов.



