
Двајца загинаа во Белград – Протекување на гас во Народната библиотека
Двајца загинаа во експлозија во Белград во Народната библиотека, а според првичните информации истата е резултат на неисправен противпожарен систем. Жртвите вдишале штетни издувни гасови од кои се прошириле преку цефките за ладење. Двете жртви се мажи на возраст од 30 и 50 години.
„Испратени се две екипи во Скерличева бр. 1 во Народната библиотека поради бријава дека се почуствувани тешки мириси по дефект на уредот за ладење. Еден маж на околу 30 години и уште еден на 50 години се пронајдени мртви“, изјави Мирко Лутовац, од делот за комуникации на Итната помош.
Системот за гаснење на пожар во Народната библиотека одеднадеш почнал да испушта отровни испарување по што луѓето почнале да се гушат. Веднаш е алармирана противпожарната служба и Итната помош. Починатите најверојатно се мајстори кои работеле на одржување на системот.
Полицијата ќе продолжи да го обезбедува теренот додека не заврши увидот. Примероците од протекувањето на гасот ќе бидат дополнителни истражени, соопшти српското МВР.