Американските санкции спрема Русија поради случајот „Скрипал“ стапуваат на сила кон крајот на месецот

Новите еднострани санкции на САД против Русија во врска со случајот Скрипал, ќе влезат во сила околу 27 август, изјави претставник на Стејт департментот.

– На 6 август САД укажаа дека владата на Русија користела хемиско или биолошко оружје и со тоа нарушила меѓународно право или користеле врз свои граѓани смртоносно хемиско или биолошко оружје, изјави претставник на Стејт департментот.

– На 8 август го известивме Конгресот за нашата намера да воведеме санкции кон Русија бидејќи тоа го бара законот за контрола врз хемиските и биолошки оружја, изјави тој.

Според дипломатот, периодот за одговор согласно законот изминал на 22 август. – Поднесовме известување до Федералниот регистар со кое се активираат санкции и очекуваме публикување на 27 август.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ