
Фестивалот „АКТО“ за општеството што се гради
Во Битола, од денеска до сабота, се одржува фестивалот на современа уметност „АКТО“. Неговата програма, поделена во 5 целини, се осврнува на зададената тема, насловена „ Општество во изградба“. Од граѓанската платформа „Мрдни со прст“, кои се вклучени во „АКТО“ , за утре најавуваат повеќе содржини, наменети и за децата и за возрасните. А, од таму ја најавија и хуманитарната акција „ Нахрани 10 илјади“, која ќе се одржи на 6 септември низ целата држава, како дел од нивниот летен караван.
Офицерскиот дом во Битола , од денеска до сабота ќе биде местото каде ќе се одржува 13 издание на фестивалот на современа уметност, АКТО.
- „ АКТО“ има 5 програми: АКТО-Агора, АКТО-За заедницата, АКТО-Уметничка програма, АКТО-Музика и АКТО-Воз.
Критичкиот и ангажиран пристап во расветлувањето на состојбите во општеството и овој пат нема да изостане.
- „ АКТО“ , годинава се одржува под наслов „ Општество во изградба. Во тие рамки, ќе бидат прикажани три содржини кои за тема го имаат феноменот на промена на името. А, се реферираат на претстојниот референдум.
- Кои што се за подобрување на читачките и математичките навики на децата. Така се вика „ За здрави читачки навики“. Потоа ќе има активности кои треба да да ја унапредат креативноста на децата, имаме јога со смеење.
Во рамките на летниот караван на платформата „ Мрдни со прст“, започнувајќи од викендот до 9 септември, спортски активности ќе има во Штип, Дојран, Валандово, Струмица и Пробиштип. А, на 6 септември ќе се одржи хуманитарна акција за собирање храна во 10 градови во Македонија. Според Блаже Јосифовски од платформата „ Сите сити“, целта е да се соберат 10 тони храна зашто во Македонија живеат 450 илјади граѓани кои не можат да го остварат тоа основно човеково право.
Сотир Трајков