
Во експлозијата во Сирија загинаа најмалку 69 луѓе
При експлозијата во илегалното складиште на оружје и муниција во Идлиб загинаа дури 69 луѓе, меѓу кои 17 деца соопштија сириски опозициски активисти.
Во инцидентот е уништена петтокатна зграда и десетици лица се уште се водат како исчезнати.
Сириската Опсерваторија за човекови права наведува дека криумчарите на оружје , кои го користеле илегалниот склад биле блиски до организацијата ,,Ослободителен фронт на Левант”, поврзан со Ал Каеда. Идлиб е последното поголемо прибежиште на бунтовниците и се очекува да биде последната голема цел на сириските оружени сили.