(видео) Од под урнатините во Ломбок извлечен уште еден преживеан

Спасувачките екипи на туристичкиот остров Ломбок во Индонезија, и натаму трагаат по исчезнати по катастрофалниот земјорес со јачина од 6,9 степени по рихтеровата скала, кој ја погоди областа, и досега зеде повеќе од 140 животи. Од урнатините на една џамија оштетена во силниот земјотрес, војниците успеале да извлечат уште еден човек. А спасувачите тврдат дека под урнатините  на џамијата има и други преживеани. Околу 20 000 луѓе во овој момент се наоѓаат во привремени засолништа, многумина и натаму ноќите ги минуваат под отворено небо.  Како еден од проблемите кои властите исто така го посочија е и проблемот кој го имаат со водата за пиење. Стотици туристи и работници и денеска се обидуваат да го напуштат Ломбок, на островот во моментов нема ниту електрична енергија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ