
24 мртви во две авионски несреќи
Во првата авионска несреќа загинаа 20-мина, најголемиот дел од Швајцарија, откако се урна германски авион од Втората светска војна во близина на алпското одморалиште Филмс. Авионот требало да слета на воениот аеродром кај Цирих. Летал на висина од 2.540 метри. Авионот е во сопственост на швајцарската компанија Ју-ер. Во втората авионска несреќа која во ист ден се случи на северот на Швајцарија нема преживеани. Загинаа родители и нивните две деца.